„Докторот“ се смири во прегратките на италијанската Брук Шилдс

На Валентино Роси во последно време не му оди најдобро на тркачките патеки, но затоа пат му тргна добро во приватниот живот. „Докторот“ има нова девојка и изгледа среќно во прегратката на италијанска манекенка Софија Новело.

За новата врска на деветкратниот шампион во МотоГП се зборува веќе некое време, но сега таа доби и официјална потврда и тоа токму од Франческа која на нејзиниот профил на Инстаграм објави заедничка фотографија со Валентино Роси.

Франческа која ја нарекуваат италијанската Брук Шилдс потекнува од Милано и е 15 години помлада од Роси. За „докторот“ ова е првапосериозна врска откако во 2016 година се раздели со Линда Морсели, сегашната партнерка на Фернандо Алонсо.

Италијанската манекенка и мотоциклистот се во блиска врска од крајот на минатата година кога Франческа престојувала на ранчот на Роси во Тавулија.

Роси и Франческа во се добро се согласуваат, освен кога гледаат фудбал. Валентино Роси и страстен навивач на Интер, а 24-годишната Франческа навива за Милан.

Се вчитува...