Дончиќ со ѕверски настап против Денвер

Лос Анџелес лејкерс игра одлично и без помошта на повредениот Леброн Џејмс, а најзаслкужен за тоа е Лука Дончиќ. Словенецот одигра уште еден импресивен меч во дресот на лејкерси, предводејќи го овој тим до рутински триумф од 120-108 над Денвер нагетс.

Гостите настапија без повредениот Никола Јокиќ со што му ја олеснија задачата на домашниот состав. Во таква ситуација, фокусот беше целосно врз Дончиќ, кој одигра прва четвртина за паметење, за седум минути на теренот реализирајќи вкупно 20 поени. Словенецот до крајот на мечот го заврши дуелот со 31 поен, 9 скокови и 7 асистенции, но мора да се истакне дека поради убедливата предност Лука воопшто не влегуваше во игра во последната четвртина, што Денвер го искористи за да го ублажи поразот (15-31 во последните 12 минути од мечот).

Оклахома Сити тандер славеше над Филаделфија со 133-100, единаесетти триумф на најдобриот тим во „западот“ на последните 12 одиграни средби. Овојпат во тимот не беше Гилџус-Александер кој доби заслужен одмор, но и во отсуство на својот најдобар кошаркар домашниот тим доминираше и заслужено стигна до убедлива победа, предводен од Вигинс со 26 и Џо со 21 постигнат поен.

Оклахома сега е и најдобар тим севкупно во НБА-лигата, откако Кливленд го загуби тој примат со вториот пораз во низа, претрпен на гостувањето против Сакраменто од 123-119. Мобли постигна 31 поен за Кливленд, но Сакраменто и без повредените Сабонис и Лавајн успеа да одигра одличен меч и да стигне до победата.

Резулати НБА: 

Индијана – Далас 135-131, Орландо – Хјустон 108-116, Мајами – Детроит 113-116, Минесота – Њу Орлеанс 115-119, Оклахома Сити – Филаделфија 133-100, Сан Антонио – Њујорк 120-105, Јута – Вашингтон 128-112, ЛА Лејкерс – Денвер 120-108, Феникс – Чикаго 127-121, Портланд – Мемфис 115-99, Сакраменто – Кливленд 123-119.

Се вчитува...