Јулијан Дракслер кој едно време важеше за најголем германски талент ова лето направи неочекуван трансфер и од редовите на ПСЖ се пресели во катарскиот прволигаш Ал Ахли и покрај големиот интерес од врвните клубови во Европа.
Говорејќи за медиумите 29-годишниот кој во минатото настапуваше за Шалке, Волфсбург и Бенфика откри дека главната причина биле парите.
„По 12 години настапи во Европа сакав да се запознаам со нова култура, да стекнам ново искуство и да учествувам во интересниот проект за издигнување на арапскиот фудбал. Меѓутоа ќе лажам доколку не признаам дека парите се главниот фактор за премин во Катар“, изјави Германецот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА