Дресовите кои ги носеше Меси на Светското првенство во Катар достапни на аукција

Комплет од шест дресови кои Лионел Меси ги носеше на Светското првенство кое се одржа во Катар во 2022 година и вечно ќе биде запишано во историјата како прво за аргентинскиот магионичар во кариерата ќе биде продаден на акуција во месец декември, објави аукциската куќа „Sotheby’s“.

„Сино-белите“ дресови кои Меси ги носеше на натпреварите против Саудиска Арабија, Мексико, Австралија, Холандија, Хрватска и Франција ќе бидат достапни за наддавање од 30. ноември до 14. декември и очекувањата се дека истите ќе ја надминат сумата од 10 милиони евра.

Доколку се случи тоа, коплетот на Меси ќе биде најскапиот дрес продаден на една акуција. Сега рекордот со 10.1 милиони евра го држи дресот на Мајкл Џордан од последната НБА титула освоена со Чикаго Булс во 1998 година продаден во 2022 година.

Се вчитува...