Дури 32 кандидати за селектор на Јужна Кореја

Фудбалскиот сојуз на Јужна Кореја, ќе направи интервјуа со 11 кандидати за селекторската функција на земјата, од кои седум ќе бидат странци, рече висок функционер, со цел побрзо да се најде селектор.

Корејската репрезентација во моментов е без селектор, по отказот на Јирген Клинсман, кој што беше сменет поради слабите резултати во азискиот Куп. Германецот не се заджа на клупата ниту една година.

Чунг Хае-сунг, шефот на Одборот за национални тимови во фудбалскиот Сојуз на Кореја кажа дека првобитно кандидати биле 32, но тој список сега е намален на 11.

„Ќе имаме детални преговори и разговори со 11 кандидати, а потоа ќе го соопштиме името на новиот селектор“’, најавува Чунг.

Засега функционерите не откриваат ниту едно име кое би било потенцијален селектор.

Се вчитува...