Двајца фудбалери осомничени за убиството на српскиот ММА борец, мотивот е одмазда за случка од пред две години (ВИДЕО)

Српската полиција идентификувала двајца осомничени за убиството на ММА репрезентативецот на својата Србија, Стефан Савиќ.

23-годишниот Савиќ беше убиен изминатиов викендов во брутален инцидент во центарот на Белград, а осомничени за убиството се Василиј Гачевиќ (23) и Марко Даничиќ (23), и двајцата актуелни фудбалери.

Гачевиќ играл за ФК Црвена звезда Мали Мокри Луг, а Даничиќ за тимот на Вајт Иглс од Торонто, Канада.

Според информациите од српските медиуми, мотивот за убиството била одмазда за настан од пред две години. Тогаш Гачевиќ и Даничиќ наводно се судриле со Савиќ кај Ада Циганлија, при што настанала тепачка во која Савиќ му ја скршил вилицата на еден од осомничените.

„За да избегне конфликт, Савиќ почнал да трча по улицата Дунавска. Во еден момент напаѓачите го стигнале, го собориле на тротоарот и почнале да го удираат. Потоа, еден од напаѓачите извадил нож и го прободел младиот човек. Случаен минувач Стефан М.(22), се обидeл да го спречи нападот, но напаѓачите и нему му нанеле неколку убодни рани. Пријател го ставил избодениот млад човек Стефан М. во возило и на пат кон болница ја известил полицијата дека на улицата Дунавска се случило кривично дело. На инспекторите им кажале дека оделе по улицата кога виделе двајца како го удираат трето лице, а потоа и го избодуваат со нож. Додека се обидувале да го заштитат, напаѓачот со нож го избодел еден од нив во градите. Тие објасниле дека Стефан истрчал од автомобилот да му помогне на младиот човек кој не го ни познавал“ – пренесуваат српските медиуми.

Медиумите од Србија објавија и видео снимка од нападот и убиството на Стефан Савиќ.

Се вчитува...