Двојникот на Роналдо работи на градилиште во Ирак (ФОТО)

Бивар Абдулах има 25 години, доаѓа од сиромашно семејство и работи на градилиште во Ирак, но е популарен во својот град поради сличностите со Кристијано Роналдо.

„Некои ми велат дека сум негов двојник, а некои пријатели ме нарекуваат „Кристијано за сиромашни“. Искрено, многу би сакал во живо да се сретнам со Роналдо кој е мој фудбалски идол“ – истакнува Абдулах.

Тој и самиот аматерски игра фудбал во локалниот клуб, но е предалеку од било каква професионална кариера. Сепак, сличностите со фудбалската мегаѕвезда го прават Бивар „хит“ во местото каде што живее.

Се вчитува...