Е. Пелистер со уведлива победа го отвори новото коло во Суперлигата

Ракометарите на Е. Пелистер со убедлива победа го отворија шестото коло во македонската Суперлига.

Битолчани во салата „Боро Чурлески“ со 36:23 го совладаа Куманово и ќе преноќат на лидерската позиција на табелата со 11 бодови, еден повеќе од Вардар кој својот натпревар од шестото коло против Струга ќе го игра утре.

Тимот предводен од Лино Червар немаше никакви проблеми да дојде до триумфот, а гостите резултатски парираа во првите десет минути кога по голот на Костов имаа негатива од еден гол (6:5).

Битолчани за осум минути направија серија од 6:1 за водство од 12:6. На одмор се замина со предност од сесум гола за Е. Пелистер (18:11).

На стартот од второто полувреме, фаворитот дојде до двоцифрена предност откако на Куманово за осум минути му дозволи да даде само еден гол (22:12). До крајот на мечот, битолчани рутински ја одработија задачата за конечни 36:23.

Филип Кузмановски со седум гола и Петар Атанасијевиќ со шест беа најдобри кај Е. Пелистер, додека во редовите на Куманово, Костов беше најпрецизен со осум постигнати голови.

Се вчитува...