Еден од тројцата невакцинирани фудбалери на Баерн Минхен позитивен на корона

Фудбалерот на Баерн Минхен, Максим Чупо Мотинг е позитивен на коронавирус потврдија од клубот. Чупо Мотинг доби позитивен тест и веднаш замина во десетдневна изолација бидејќи се уште не е вакциниран.

Тој е еден од тројцата фудбалери на Баварците кои не прифатија да се вакцинираат, а покрај него невакцинирани се и Џошуа Кимих и Михаел Куизанс.

Тие тројца добија забрана од клубот да патуваат заедно со тимот, па на натпреварите стигаат со сопствен превоз. Тројцата вчера не беа на гостувањето во Киев кај Динамо, бидејќи не беше возможно со автомобил да патуваат до главниот град на Украина.

Се вчитува...