Едриличарите на „Акватика јахтинг“ и на „Снегар“ на Првенството на Југоисточна Европа во Палиќ (ФОТО)

Најдобрите едриличари од двата најдобри македонски едриличарски клубови „Акватика јахтинг“ од Охрид и од ЕК „Снегар“ од Струга од денеска па до 13. мај ќе учествуваат на Првенството на Југоисточна Европа во класата Оптимист во Палиќ, Србија.

Вкупно 12 македонски едриличари ќе учествуваат на шампионатот во Србија на кој се собираат најдобрите во класата Оптимис од Југоисточна Европа.

„Акватика јахтинг“ во Палиќ ќе го претставуваат Мила Булатовиќ, Лина Пашоска, Гала Булатовиќ, Дарија Зографска, Петар Филоски, Горазд Арнаудов и Сергеј Кречов, додека од ЕК „Снегар“ ќе настапат Андреа Чуркоска, Стефан Баракоски, Марко Милески, Сара Милеска и Берак Шашко.

На првенството на Југоисточна Европа, според најавите, ќе настапат повеќе од 80 едриличари од Србија, Унгарија, Словачка, Бугарија, Црна Гора, Словенија, Романија и Македонија.

Се вчитува...