Во насока на засилена промоција на кошаркарската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од Првата македонска кошаркарска лига.
Последното коло од Суперлигата ни го донесе и последниот патник во разигрувањето за титула. Тоа е ТФТ кој славеше во натпреварот „Да се биде или не“ против Гостивар и победничката фаза ја заврши на четвртата позиција на табелата. Покрај „црно-белите“ на победа се радуваа и МЗТ Скопје кој го доби гостувањето во Битола против Пелистер и Еуро Никел кој славеше над Феникс 2010.
Во идеалната петорка на колото место има за Александар Костоски кој беше енигма за гостиварци. Бекот на ТФТ постигна 36 поени, 7 скока и 5 асистенции во одлучувачкиот натпревар. Од истиот меч тука е и Александар Тодоровиќ, центарот на Гостивар чии 19 поени, 8 скока и 2 блокови не беа доволни за славје.
Место меѓу најдобрите петмина има и за кошаркарите на МЗТ Скопје, Војдан Стојановски и Адем Мекиќ кој со 16 поени, 5 скока и 2 украдени топки, односно 14 поени и 7 скока го предводеа „сино-белиот“ состав во Битола. Петорката ја комплетира Бранислав Џекиќ кој со 15 поени, 8 скока и 4 асистенции го предводеше вицешампионот до победа против новајлијата.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА