ЕКИПА Топ 5: Идеална петорка на 7. коло Суперлига (ФОТО)

Во насока на засилена промоција на кошаркарската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од Првата македонска кошаркарска лига.

Седмото коло од Суперлигата ни донесе три одлични натпревари по кои МЗТ Скопје се искачи на врвот на табелата по триумфот во Кавадарци против Еуро Никел и поразот на Пелистер во Скопје од ТФТ. Поблиску до плеј-офот стигна и Гостивар кој славеше против Феникс 2010 во СЦ „Јане Сандански“.

Во идеалната петорка на колото место има за кошаркарите на ТФТ, Виктор Ташовски и Амир Смит кои со 10 поени, 7 асистенции и 5 скока, односно 20 поени, 4 скока и 2 украдени топки го предводеа „црно-белиот“ состав против битолчани. Од истиот натпревар се истакна и Никола Малашевиќ, но 29 поени, 8 скока и 4 асистенции на Србинот не беа доволни за ново славје на Пелистер.

Немања Милошевиќ беше проблем во Кавадарци со 17 поени, 7 скока и 5 асистенции, додека Никола Силаџи беше еден од лидерите на гостиварци во Скопје со 9 поени, 11 скока, 4 асистенции и 3 блокови.

Се вчитува...