ЕКИПА Топ 5: Идеална петорка на 8. коло Суперлига (ФОТО)

Во насока на засилена промоција на кошаркарската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од Првата македонска кошаркарска лига.

Во осмото коло од Суперлигата беа одиграни три натпревари по кои на победи се радуваа МЗТ Скопје кој лесно славеше против новлијата Феникс 2010, Еуро Никел кој им се врати на победите со триумф над ТФТ и Пелистер кој славеше на гостувањето во Гостивар.

Во идеалната петорка на колото место има за бекот на Еуро Никел, Дарко Соколов кој со 13 поени, 5 скока и 5 асистенции беше лидер на кавадарчани во важната победа на „Кале“, а од истиот натпревар тука е и Александар Костоски чии 25 поени, 6 асистенции и 4 скока не беа доволни за победа над вицешампионот.

Место меѓу најдобрите пет има и за Боран Стојановски кој против актуелниот шампион одигра одличен натпревар проследен со дабл-дабл од 22 поени и 13 скока на кои додаде и 3 украдени топки, но новлијата немаше одговор за расположениот Роберт Рикиќ кој доминираше под обрачот со 15 поени и 14 скока, а забележа и 5 асистенции.

Петорка на колото ја комплетира Никола Малешевиќ кој со 20 поени, 8 асистнеции и 7 скока беше прво име на натпреварот во „Младост.

Се вчитува...