ЕКИПА Топ 5: Идеална петорка на 9. коло Суперлига (ФОТО)

Во насока на засилена промоција на кошаркарската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од Првата македонска кошаркарска лига.

Деветото коло од Суперлигата донесе три интересни натпревари по кои на победи се радуваа ТФТ кој го доби дуелот против Феникс 2010, МЗТ Скопје кој славеше во Гостивар и Еуро Никел кој го потврди местото во плеј-офот со триумф над Пелистер.

Во идеалната петорка на колото место има за кошаркарите на МЗТ Скопје, Кристијан Николов и Дамјан Стојановски кои со 15 поени (3/4 за три) и 4 асистенции, односно 13 поени, 4 скока и 2 украдени топки го предводеа својот тим до гостинска победа.

Тука се и бекот и крилниот центар на Еуро Никел, Џексон Дубински и Бранислав Џекиќ. Американецот постигна 15 поени со три погодени обиди зад линијата 6,75 на кои додаде и 6 асистенции, додека Србинот на 16-те поени додаде и 6 скока и 2 укадени топки.

Петорка на претпоследното коло ја комплетира Амир Смит кој во „Јане Сандански“ забележа дабл-дабл учинок од 13 поени и 11 скока. Притоа имаше и 3 блокови.

Се вчитува...