Екс германски репрезентативец по осум години пензија се активираше во шестолигаш и игра со Македонци

Тимот на Бевингхаузен од Дортмунд, кој се натпреварува во шестата германска лига, има во своите редови двајца македонски фудбалери.

Еден од нив е Денис Рамадан, играчот кој настапуваше во неколку клубови во нашата земја како Скопје и Македонија ЃП, сега е дел од овој шестолигаш кој се натпреварува во аматерска конкуренција. Во него е и Александар Ѓорѓиевски, кој играше во минатото за Тетекс и за Тиквеш.

Интересно за овој тим е што пред извесен период го ангажираше Давид Одонкор. Станува збор за играч кој има настапувано за германската селекција 16 пати, а беше дел и од СП 2006 во Германија. Играше за Борусија Дортмунд и за Бетис. Одонкор замина во фудбалска пензија во 2013 година, настапувајќи последен пат за украинска Говерла на 29 години. Сега после осум години, или на 37 години одново се активираше во фудбалот, и работи и како тренер, и како играч.

Тимот деновиве ќе треба да добие и нов тренер во името на Себастиан Тирала, екс фудбалер на Борусија Дортмунд.

Се вчитува...