„Екстра Лука“ и „Супер Марио“ против „кариоките“ од Ѓорче (ФОТОГАЛЕРИЈА)

ФОТО: Роберт Спасовски

Работнички и Македонија ЃП го одиграа едно од најквалитетните, најшареноликото, полувреме во Првата македонска фудбалска лига сезонава.

Четири гола, кој од кој поубави, по два на двете страни за едно полувреме беа белегот на дербито на „Тодор Проески“. На двата феноменални погодоци на Бразилците од редовите на Македонија ЃП, Робсон Да Силва и Фернандо Аугусто на спротивната страна парираа новите големи надежи на македонскиот фудбал кои ги промовира, кој друг ако не Работнички, браќата Лука и Марио Станковски.

„Екстра Лука“ и „Супер Марио“ не дозволија на крајот „лавовите“ да се радуваат, иако е јасно дека по ова реми Работнички ги губи реалните шанси за битка за третата позиција на табелата која води на европската сцена следната сезона.

 

Се вчитува...