Ерменија, репрезентацијата која е во групата за пласман на СП 2022 со Македонија, успеа да одигра без победник (1-1) на пријателскиот натпревар со Хрватска која одигра блед меч на стартот од подготовките за ЕВРО 2020.
Водечкиот гол за Хрватска го постигна Перишиќ во 24. минута, по уфрлањето од корнер на Модриќ.
Откако Хрватите не реализираа неколку шанси беа казнети во 71. минута кога ерменскиот Колумбиец Вбејмар постигна извонреден гол за 1-1.
Косово, пак, со 4-1 славеше против Сан Марино со дури четири гола на напаѓачот на Лацио, Ведат Муручи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА