Евра: Англија последен пат освои трофеј уште додека диносаурусите беа живи

Поранешниот француски фудбалер Патрис Евра продолжува со приредувањето шоу на социјалните мрежи. Тој во последното видео се пошегува со Англичаните, велејќи дека тие последен пат се радувале на некој трофеј уште додека диносаурусите се уште биле живи.

По 1966 и освојувањето на Светското првенство, Англија во моментов е најблиску до титула на едно големо натпреварување. Во полуфиналето играат против Данска, додека во финале за можен противник ќе ја имаат или Шпанија или Италија. Голема предност е тоа што последните мечеви Англија ќе ги игра на домашен терен.

 

Се вчитува...