ЕВРОЛИГА: Црвена звезда се врати од минус 16 против Валенсија, но на крајот сепак загуби

Кошаркарите на Црвена звезда загубија на гостувањето кај Валенсија со 85-81 во меч од 12. коло во Евролигата. Иако белграѓани успеаја да ја надокнадат негативата од 16 поени која ја имаа на полувреме (56-40) и целосно да се вратат во мечот (81-81), на крајот сепак немаа сила за целосен пресврт (85-81).

Дејвис со 21 поен беше најефикасен во таборот на победникот, додека 17 уфрли Оџелеје. Кај поразените Нејпир и Недовиќ заврши со по 14 поени.

Виртус Болоња стигна до голема победа на домашен терен против Барселона од 80-75.

Басконија во крајно интересен натпревар на домашен терен славеше против Фенербахче со 80-79, додека Макаби Тел Авив го совлада АСВЕЛ на гостински терен со 91-94.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...