Фазлагиќ: Чест ми е што дебитирав со овие момци, ќе одиме на победи на последните два меча

Енис Фазлагиќ е еден од четворицата фудбалери кои дочекаа деби во македонската репрезентација во убедливата победа од 4-0 над Гибралтар.

Довчерашниот младински репрезентативец вели дека за него е чест што е заедно со овие момци кои фудбалски ја прославија Македонија, верувајќи дека и во иднина ќе следат успешни настапи без разлика на поразот од Грузија.

„Одигравме еден убав меч, кој дојде кога беше најпотребно по оној пораз од Грузија. Соиграчите одиграа едно одлично прво полувреме кое беше навистина прекрасно, а во второто полувреме, гледавме да го затвориме мечот и со што помалку грешки да го завршиме натпреварот. Среќен сум со моето деби, чест ми е што сум заедно со овие фудбалери. Секако дека на следните мечеви во септември ќе одиме да победиме, и против Грузија и против Бугарија. Оваа селекција на секој меч оди со мисла за победа, па така ќе биде и во септември“ – истакнува Фазлагиќ.

Се вчитува...