Федерер полуде – Кажете ми кој е тој што веќе го прогласи Новак за шампион на Австралија опен

Швајцарискиот тенисер, Роџер Федерер беше прилично лут на прес конференцијата по мечот против Новак Ѓоковиќ на Австралија опен. Роџер доживеа пораз од 3-0, но тоа не беше причината за неговата лутина, туку фактот дека медиумите му пренесоа информација дека сметаат дека Србинот со победата над него веќе е шампион во Мелбурн.

„Кои се тие луѓе кои озбилно разговараат на темава?  Дајте ми ги имињата на тие кои го пишуваат тоа. Многу добро знаете дека сите имаат шанси. Секој меч мора да се одигра. Еден дел од вас новинарите нема почитување према Тим кој го совлада Надал, а мене ме добиваше во последните три меча. Исто така и Зверев нема што да загуби. Ете сега го знаете моето мислење“, изјави Федерер. 

Ниту Доминик Тим ниту Александар Зверев се уште немаат грен слем трофеи во кариерата, додека Новак Ѓоковиќ досега има седум на Австралија опен.

Се вчитува...