Роџер Федерер ги разочара своите фанови во Канада со одлуката да не настапува на претстојното издание на „Роџерс куп“ што ќе се одржи во Торонто. Овој силен турнир се ротира преку една година во Торонто и во Монтреал, Федерер лани стигна до финалето, но годинава реши да не патува во Канада за да собере сила за завршните турнири во 2018 година.
„Разочаран сум што нема да играм на „Роџерс куп“ годинава. Лани минав прекрасно во Монтреал, секогаш ми е задоволство да настапувам во Канада, но за жал годинава нема да можам да настапам“ – објави Федерер.
Швајцарецот во минатото два пати го освојуваше овој турнир. Федерер ќе биде единствениот тенисер од Топ 10 на АТП-листата кој нема да настапи во Торонто, каде главни фаворити за трофејот се Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ.
„Роџерс куп“ годинава ќе се одржи во периодот од 4 до 12 август.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА