Фудбалерите на Феенорд го освоија трофејот во Купот на Холандија по 14. пат во историјата. Тимот од Ротердам го победи НЕК Нијменген со резултат 1-0 во финалниот натпревар на својот преполн „Де Кајп“.
Решавачкиот гол го постигна бразилскиот напаѓач Игор Паишао во 59. минута. Феенорд го освои трофејот во Купот за прв пат по 2018 година, со што стави крај на четиригодишната доминација на Ајакс и ПСВ, кои во меѓувреме освоија по два купа.
Со 14 трофеи, клубот од Ротердам е на второто место на вечната листа зад неприкосновениот Ајакс кој има 20. ПСВ е трет со 11 пехари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА