Фенербахче во хаос: Се повреди најдобриот играч, тренерот најави заминување

Кризата во Фенербахче уште повеќе се продлабочи по поразот на домашен терен од Коња, со кој „сино-жолтите“ дефинитивно ги загубија шансите за шампионската титула. Незадоволството кај навивачите е се поголемо, а згора на тоа Фенер остана и без својот најдобар голгетер, Беазилецот Фернандао, кој ја скрши раката против Коња и тешко дека ќе може да се врати до крајот на сезонава.

Голем дел од медиумите како главен виновник за слабите настапи го посочија тренерот Дик Адовкат, а искусниот холандски стратег истакна дека не чувствува преголема одговорност, но во секој случај ќе си замине од клубот на крајот од сезонава.

„Веќе им кажав на луѓето од управата дека ако проблемот е само кај мене, ќе си заминам на крајот од сезонава. И не само тоа, туку и ќе ја завршам тренерската кариера. Сепак, морам да кажам дека не е лесно да се биде тренер, во случајов дојдов во Фенер премногу доцна, кога немаше избалансирана екипа ниту пак време за да се изгради нов тим. Ја критикуваат физичката подготвеност на играчите, но тоа едноставно не е точно“ – изјави Адвокат.

Се вчитува...