Феноменалниот Кузмановски не можеше сам

Ракометарите на Е. Пелистер по две кола во ЕХФ Лигата на Европа се без победа иако вечерва ја имаа в џеб, но на крајот, на гостувањето кај Вибржеже одиграа 31:31 и не ја крунисаа на најдобар начин фантастичната партија на капитенот Филип Кузмановски.

Кузмановски кој на првиот натпревар сезонава во Лигата на Европа, во поразот од Ла Риоха (24:31) во Битола, играше со температура и не успеа да се запише во листата на стрелци, вечерва надомести и за тој натпревар.

Тој беше фантастичен на двата дела од теренот, постигна дури 15 голови, имаше и пет асистенции, а во дефанзивните задачи одговори со две украдени топки и еден блокиран шут.

На крајот, немаше доволно расположени играчи, освен Саду Нтанзи кој даде седум голови, со што фантастичната партија не беше крунисана со триумф.

Се вчитува...