Фернандо Алонсо ја „лапна“ Тејлор Свифт

Двократниот светски шампион во Формула 1, Фернандо Алонсо, реагираше на гласините дека се забавува со Тејлор Свифт, објавувајќи видео на кое тој намигнува додека слуша една од хит песните на поп суперѕвездата.

41-годишниот Шпанец за прв пат беше романтично врзан за Свифт во објава на Инстаграм на профилот на едно шоу-бизнис списание од Шпанија минатата недела, во која беше цитирана анонимна е-пошта во која пишуваше: „Неколку шпански списанија објавуват за Свифт и шпанскиот Ф1 возач. Фернандо Алонсо“.

Според нив, парот се гледа веќе една недела. Ништо сериозно бидејќи и двајцата неодамна се сингл. Алонсо е двократен светски шампион во Ф1, додека Тејлор Свифт е една од најнаградуваните артистки во светот.

Се вчитува...