Фјури: Со една рака можам да го победам Џошуа

Ентони Џошуа е новиот миленик во светот на боксот, а младиот Британец веднаш по големиот триумф над Владимир Кличко порача дека посакува следната борба да му биде со Тајсон Фјури. Самиот Фјури не остана должен, во свој стил коментирајќи дека е подготвен за борба со Џошуа, но не очекува таа да биде премногу интересна.

Борбата меѓу Џошуа и Кличко беше многу интересна, секако дека навивав за Ентони. Заинтересирам сум за борба со него, но верувам дека кога ќе бидам во топ-форма, можам да го победам и со една рака, другата нека ми биде врзана зад грбот. Да не заборавиме, јас се уште сум број еден во светот“ – во свој стил коментираше Фјури.

Тој нема боксувано уште од 2015 година, кога по големата победа над Кличко ги освои појасите во ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО верзиите. Реваншот беше два пати одложуван, за Фјури потоа да признае дека земал кокаин бидејќи пател од депресија. Тој остана без боксерската лиценца, но се очекува истата да му биде вратена во скоро време.

Навистина, јас долго немам боксувано, исто како и Кличко пред двобојот со Џошуа, но јас имам 28 години, а Кличко 41. Сепак, видовте како Кличко го испрати Џошуа на подот во шестата рунда, а мене не можеше ниту да ме удри“ – истакнува Тајсон Фјури.

Се вчитува...