ФОТО: Пенезиќ и Кобетиќ си кажаа ДА…, и „вардарки“ дел од лудата забава!

Крајот на спортската сезона ја искористи и поранешната позната „вардарова двојка“, Андреа Пенезиќ и Матија Кобетиќ за да го кажат судбинското ДА.

Екс-ракометарката на Вардар и поранешниот чувар на мрежата на ФК Вардар на свадбена церемонија во Загреб се одлучија да „стапнат на лудиот камен“… За забавата се погрижи хрватската поп-ѕвезда Петар Грашо, а на неа уживаа и дел од поранешните „вардарки“, Цвијиќ, Дембеле, Чанаџија, Лазовиќ кои ете уште еднаш се собраа по заминувањето од Скопје.

Се вчитува...