ФОТОГАЛЕРИЈА: Кој чека ќе дочека – кавадаречко славје на „Тодор Проески“!

Кој чека ќе дочека. Тиквеш од улогата на аутсајдер успеа да го шокира Силекс и со триумф од 1-0 во бараж-пресметката, по цели 17 години да обезбеди враќање во Првата лига.

По сезоната со многу турбуленции, неизвесности и разочарувања по неуспехот во регуларниот дел да обезбедат прволигашки статус, на крајот огромна радост за Тиквеш по сосема заслужената победа над Силекс.

За кратовци, пак, ако е тоа некаква утеха, останува настапот во УЕФА Конференциската лига ова лето по триумфот во Купот на Македонија над Академија Пандев.

 

Се вчитува...