Франција го брише „измамникот“ Ертел

Француската Кошаркарска Федерација објави дека Томас Ертел во иднина нема да го носи дресот на „триколорите“ откако плејмејкерот ги изигра правилата и потпиша договор со Зенит.

Федерацијата пред Евробаскет 2022 објави дека во репрезентацијата нема да има место за оние играчи кои настапуваат во руското првенство, по што Ертел го откажа веќе договорениот трансфер во Зенит. Сето тоа се покажа како сериозна „местенка“ бидејќи Ертел веднаш по завршувањето на европскиот шампионат се пресели во клубот од Санкт Петербург.

Веднаш стигна и одговорот од раководството на федерацијата.

„Француската Кошаркарска Федерација преку твитер дозна дека Зенит потпишал договор со Томас Ертел. Кошаркарот потпиша изјава под заклетва дека нема намера да се пресели во тим од Русија или од Белорусија. Доколку Ертел заигра за Зенит и потпишаната обврска не е испочитувана, тој повеќе не би ги исполнувал критериумите за настап за Франција, вклучувајќи ги и Олимписките Игри во 2024 година“, се вели во соопштението на „куќата на кошарката“ на Франција.

Се вчитува...