Фудбалер исчезна по разорниот земјотрес во Колумбија: „Сите сме загрижени“

Разорниот земјотрес кој ја погоди Колумбија предизвика голема загриженост и во тамошниот фудбал. Депортиво Переира го загуби контактот со својот 20-годишен фудбалер Мигел Паласиос, кој исчезнал по утринскиот тренинг.

Паласиос по завршувањето на тренингот ги напуштил клупските простории и се упатил кон својот кварт. Оттогаш, никој од клубот не успеал да стапи во контакт со него.

Тренерот на Переира, Артуро Рејес, потврди дека семејствата на луѓето поврзани со клубот, според информациите со кои располага, се безбедни. Сепак, повеќе објекти во градот се оштетени, поради што дел од жителите не можат да се вратат во своите домови.

Клубот веднаш организирал потрага по младиот фудбалер. Неколку играчи и членови на екипата биле испратени во неговиот кварт, но засега не успеале да го пронајдат Паласиос или да добијат информации за неговата состојба.

„Имаме еден играч, Мигел Паласиос, кој по тренингот отиде во својот кварт и оттогаш не успеавме да дознаеме ништо за него. Сите сме многу загрижени“, изјави Рејес.

Се вчитува...