Фудбалер на Севилја предизвикал сообраќајна несреќа во која има две жртви (ВИДЕО)

Младиот мексикански интернационалец и член на Севилја, Жоао Малек во неделата бил дел од сообраќајна несреќа во Гвадалахара во која загинаа 26-годишна девојка и 33- годишен маж.

Малек возел повеќе од дозволеното кога удрил во автомобилот во кој биле двете жртви. Мексиканските медиуми пишуваат како Малек возел во пијана состојба и се наоѓа под истрага поради предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици.

Пред неколку седмици поранешниот фудбалер на Севилја, Хозе Антонио Рејес, загина во сообраќајна несреќа.

 

Се вчитува...