Фудбалер однесен во болница со такси, бидејќи го немаше возачот на амбулантното возило (ВИДЕО)

На натпреварот од фудблаското првенство на Боливија меѓу Ориенте Петролеро и Гуабира кој гостите го добија со 1-2 се случи несекојдневна ситуација. Имено еден од фудбалерите доживеа повреда на глуждот по која мораше да го напушти теренот и да замине во болница. Фудбалерот беше однесен до амбулантното возило, но во возилото немаше возач, поради што медицинската екипа мораше да го носи на носилка фудбалерот до улиците на градот, каде со такси беше пренесен во најблиската болница.

 

Се вчитува...