Фудбалерите го имаа првиот собир пред дуелите против Грузија и Бугарија во Лигата на нации (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Македонија го имаше првиот собир пресрет последните два натпревари од групната фаза во Лигата на нации против Грузија (23. септември) и Бугарија (26. септември).

Селекторот Благоја Милевски се соочува со големи проблеми пред овие два натпревари. Покрај слабата форма на дел од репрезентативците, тој на мечевите против Грузија и Бугарија поради повреда нема да може да смета на капитенот Стефан Ристовски, Дарко Чурлинов и Валон Етеми.

Егзон Бејтулаи кој утрово беше дополнително повикан подоцна во текот на денот ќе им се придружи на соиграчите. Македонија првиот тренинг ќе го одржи денеска на „Петар Милошевски“ во 17.30 часот. За Тбилиси фудбалерите ќе заминат во среда во 15.30 часот.

 

Се вчитува...