Фудбалерите заминаа за Тбилиси – Дефинитивно и без Адеми против Грузија (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Фудбалската репрезентација на Македонија замина за Тбилиси, каде во петок ќе и гостува на репрезентацијата на Грузија во натпревар од 5. коло во новото издание во најмладото репрезентативно натпреварување на УЕФА, Лигата на нации.

Селекторот на Македонија, Боби Милевски се соочува со голем број проблеми пред мечот против Грузија. На листата на фудбалери на кои нема да може да смета се најде и Аријан Адеми, кој дефинитивно не се најде на летот за Тбилиси.

Милевски од претходно не може да смета и на: Чурлинов, капитенот Ристовски и Етеми.

Натпреварот меѓу Грузија и Македонија е закажан за во петок со почеток во 18 часот.

 

 

Се вчитува...