Фудбалерите заработуваат најмногу и на Инстаграм, Роналдо ја предводи листата

Огромните заработувачки од спортските кариери, најславните имиња ги дополнуваат и со заработки од социјалните мрежи, пред се од Инстаграм. Кристијано Роналдо ја предводи листата и според бројот на следбеници (176 милиони) и според сумата што ја заработува од една објава на оваа мрежа. Португалецот добива по 780.000 фунти од една објавена фотографија на Инстаграм. Втор на листата е Нејмар, а потоа е Меси.

Меѓу првите десетмина според заработувачката од објави на Инстаграм има само двајца спортисти кои не се фудбалери, Леброн Џејмс и крикет играчот Вират Кохли. Високо котира и Дејвид Бекам кој и покрај тоа што одамна е во пензија, има 57 милиони следбеници и од една објава заработува 287.000 фунти.

 

 

 

 

Се вчитува...