После многу полемики, Германскиот фудбалски сојуз има намера пред Светското првенство во Катар да го смени прекарот на германската репрезентација „Die Mannschaft“, што во превод значи „Екипа“. Овој прекар не ги привлече навивачите, а некои дури го сметаат дека е арогантен.
Овој назив стои и на службениот автобус на репрезентацијата и се користи во службената комуникација на Германскиот фудбалски сојуз. Но, поради тоа другите селекции го сметале арогантен.
„Тој израз покажува непочитување на другите екипи кои победуваат“, рече потпретседателот на сојузот Ханс-Јоаким Вацке, кој е претседател на Борусија Дортмунд и најави дека ќе се најде решение до почетокот на Мундијалот во Катар.
Оливер Бироф менаџерот на репрезентацијата ги гледа поинаку работите.
„Знам дека овој назив ги дели луиѓето, но во странство репрезентацијата така ја нарекуваат со години“.
И селекторот Ханс Флик е за задржување на називот „Die Mannschaft“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА