Германска легенда со критика кон Нагелсман за изборот на голмани

Одлуката на селекторот на Германија, Јулијан Нагелсман на Европското првенство да ги води голманите Мануел Нојер, Марк Андре тер Штеген и Оливер Бауман наиде на критика од страна на легендата на германскиот фудбал Лотар Матеус.

Нагелсман се одлучи за искусни голмани, сите над границата од 30 години, а од листата на патници го „отпиша“ 27-годишниот голман Александер Нубел зад кој е одлична сезона во дресот на Штутгарт.

„Не ја разбирам одлуката и многу ме изненади. Жал ми е бидејќи Нубел имаше фантастична сезона. Прво и логично би било да го водите него бидејќи Штутгарт имаше многу корист од неговите настапи. Второ тој 27-годишен, еден од младите голмани кои ќе ни бидат потребни во иднината затоа обавезно би го земал со себе“, изјави Матеус.

Се вчитува...