Германски клуб се откажа од своја легенда поради дружење со нацисти

Поранешниот германски репрезентативец Тим Визе, одигра 266 натпревари за Вердер, а со него тимот славеше во германскиот Куп и во Лига-Купот, а играше и за националниот тим на Германија. Сега во Бремен јавно се откажаа од него.

Голманот по завршувањето на кариерата се „набилда“, па се проба и во боречките спортови. Играше и за ветераните на Вердер, но сега тоа нема да може да го прави. Нема да може ниту да присуствува на стадионот на Вердер.

Причината за откажувањето на Вердер од Визе е поврзување до десничарската политичка сцена, односно дружење со нацисти. Пред година и пол на интернет се појавиле фотографии на кој Визе бил во друштво со лица кои се поврзуваат со десничарска опозициска сцена. Иако се обиде да објасни, сепак, клубот се реши да „крене раце“ од него.

Вердер побара од Визе своите изјави да ги поткрепи со дела, и тогаш ќе му биде укината казната.

Се вчитува...