ГЕРМАНСКИ КУП: Мајнц победи по продолженија, Хамбургер и Фрајбург по пенали

Крајно драматично беше на последните три натпревари од германскиот Куп вечерва. Понатаму поминаа Манјц, Хамбургер и Фрајбург, но мораа да играат продолженија.

Најнеизвесно и највозбудливо беше на дуелот Оснабрик – Фрајбург. Фрајбург имаше водство до 90. минута, па Оснабрик успеа да израмни. Во продолженијата Оснабрик имаше водство, за Фрајбург да се спаси во 120 минута, по што по пеналите Фрајбург помина понатаму.

Пенали имаше и на дуелот Нирнберг – Хамбургер. „Хепи-ендот“ за Хамбургер кој успеа да го добие натпреварот кој во регуларниот дел заврши 1:1.

Мајнц, пак, после продолженија успеа да го совлада тимот на Арминија. Гостите имаа водство по првиот дел, а Мајнц направи пресврт 2:1, па потоа Арминија израмни. Во продолженијата Ингвартсен постигна гол за конечни 3:2.

Претходно во следната фаза поминаа Борусија Дортмунд, Минхен 1860, Лајпциг, Хофенхајм и Херта. Утре се играат останатите натпревари.

Се вчитува...