Главевски и Богоевска најдобри и по Топ 8 завршниот турнир во пионерска конкуренција

Во организација на ППК Берово, под покровителство на ППФМ, во Берово се одржа завршниот ТОП 8 турнир во пионерска конкуренција за играчи до 15 години. ППК Берово иако е нов клуб на пингпонгарската сцена кај нас, покажа огромен успех во организирањето на овој турнир, со комплетна организациона поставеност и медиумска покриеност.

Кај пионерите фаворитот Даниел Главевски со максимален број победи седум од седум, рутински го освои првото место и сезоната ја завршува као прворангиран кај пионерите. На второто место кај пионерите се пласира Лука Стојчев, кој заедно со Александар Јакимовски од Крива Паланка се најнадежните пионери. Во последното седмо коло од турнирот Даниел го победи Лука со 3-0 во натпревар каде што првиот и третиот сет се решаваа во тај брек. На турнирот не настапи Кенан Асанов кој поради повреда своето учество го откажа во последен момент.

Кај пионерките фаворитки беа Сара С.Стојановска и Васе Богоевска. Малку недостасуваше од втор план да ги изненади Фани Јовановска. Фани во првото коло ја совлада Васе Богоевска со 3-2 во изедначен и интересен натпревар. Во четвртото коло Фани Јовановска не ја искористе предноста од 2-0 во натпреварот со државната првенка Сара С.Стојановска и загуби со 3-2, што на крај ја чинеше губење на првото место на ТОП 8 турнирот. Во последното коло Васе ја победи Сара со 3-1 во натпревар во кој сите сетови завршија со 2 разлика. Со тоа Васе Богоеска на крајот го освои првото место, Фани Јовановска беше втора, а Сара С. Стојановска го освои третото место.

Конечна РАНГ ЛИСТА Пионери
1. Даниел Зхоу Главевски
2. Лука Стојчев
3. Александар Јакимовски
4. Лука Серафимовски
5. Антонио Крстевски
6. Борјан Цветковски
7. Кенан Асанов
8. Војдан Тодоров

Конечна РАНГ ЛИСТА Пионерки

1. Васе Богоевска
2. Сара С.Стојановска
3. Фани Јовановска
4. Софија Хасану
5. Сара А.Стојановска
6. Деспина Ристовска
7. Ангела Атанасова
8. Верица Преметарова

Се вчитува...