Ѓокереш ќе остане во Спортинг и следната сезона, тврди неговиот чичко

Виктор Ѓокереш, голгетерот на Спортинг Лисабон е еден од оние кои се очекува во летниот преоден рок да ја смени средината, и да замине во некој поголем клуб. Ѓокереш, кој и натаму има шанси да ја освои Златната копачка, е цел на Арсенал, Манчестер Јунајтед, Ливерпул и други тимови.

Меѓутоа според зборовите на неговиот чичко, тој би можел да остане во Спортинг и следната сезона, затоа што тој и неговото семејство биле среќни во Лисабон.

„Синоќа на вечерва решивме така“, во смеа изјави чичкото за португалските медиуми.

„Дали ќе остане? Мислам дека ќе остане. Го сакаме градот, земјата исто така е неверојатна“, рече неговиот чичко.

Се вчитува...