Ѓоковиќ го бидува и за фудбал – Шоу во Монако со Нејмар и Верати (ВИДЕО)

Нејмар и Марко Верати, ѕвездите на Пари Сен Жермен, денеска беа во Монте Карло каде деновиве се одржува турнирот од серијата Мастерс 1000, со најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ.

Тоа беше можност за нив тројцата за кратко дружење од кое произлезе шоу.

Прославената тројка играше со големо тениско топче, си го подаваше и се обидуваше да го задржи во воздух. Ѓоковиќ објави како изгледа сѐ на социјалните мрежи.

 

 

Се вчитува...