Ѓоковиќ: Голема почит за Федерер што и покрај повредата не се откажа

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, призна дека не го почна на прав начин натпреварот против Федерер во полуфиналето на Австралија опен, но дека освојувањето на првиот сет значајно му помогна да стигне до конечен триумф.

„Го почитувам Федерер бидејќи излезе на терен на овој меч, бидејќи очигледно е дека е повреден. Не беше блиску до неговото највисоко ниво кога е во прашање движењето на теренот“, изјави Ѓоковиќ. 

За Ѓоковиќ ова ќе биде осмо финале на Австралија опен, со што е рекордер, а за противник ќе го има подобриот од мечот меѓу Доминик Тим и Александар Зверев.

Се вчитува...