Матајс де Лихт ги става своите соиграчи во големи проблеми откако направи голема грешка во осминафиналниот натпревар против Чешка на Европското првенство. Имено, тој во дуел со Патрик Шик се слизна и мораше да игра со рака како Чехот не би излегол сам пред голот на Мартин Стекеленбург.
Главниот судија на мечот, Русинот Карасев прво му додели жолт картон на Де Лихт, но по консултација со ВАР му покажа црвен картон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА