Нголо Канте повторно ја покажа својата човечка големина, откако скромниот француски фудбалер замина во земјата на своите предци, Мали, за да помогне во изградна на нова модерна болница во Бамаку.
Канте во текот на кариерата во повеќе наврати инвестираше во подобрување на медицинските услови во оваа африканска држава од каде се родени неговите родители. Овојпат тој реши да направи уште еден значаен чекор, издвојувајќи пет милиони евра за да помогне во изградба на нова болница чиј приоритет ќе биде лекување на деца од оваа африканска држава.
„Жителите на Мали се толку горди на тебе, како и сите Африканци воопшто“, гласи една од бројните пораки до Нголо Канте по извонредниот потег на Французинот.
Нгого Канте е роден во Париз, но двајцата родители му се родени во Мали. Како што самиот обелодени, Канте дури и го добил името по легендарниот цар на оваа африканска држава, Нголо Диара.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА