Голманот на Шкендија, Беким Реџепи на позајмица во косовски Балкани

Голманот на Шкендија, Беким Реџепи следните шест месеци до крајот на сезоната ќе ги мине на редовите во косовскиот прволигаш Балкани. 24-годишниот Реџепи веќе се приклучи на подготовките на Балкани во Драч, Албанија.

Реџепи зад себе има 19 натпревари во дресот на Шкендија, по доаѓањето во редовите на „црвено-црните“ од Тетекс.

Балкани по есенскиот дел е на втората позиција на табелата, останувајќи на само три бода од лидерот Дрита во битката за титула.

Се вчитува...