Голот на Шик против Шкотска избран за најубав на ЕВРО 2020 (ВИДЕО)

Голот на чешкиот репрезентативец Патрик Шик против репрезентацијата на Шкотска беше избран за најубав на Европското првенство 2020. Шик во победата на неговата Чешка над Шкотска од 2-0 беше стрелец на двата гола, но едниот дефинитивно ќе остане во аналите на континенталните шампионати.

Тој од центарот на теренот успеа да го матира шкотскиот голман и со тоа заслужено да ја понесе наградата за најубав гол на ЕВРО 2020.

 

 

Се вчитува...