Голот што ја крена цела држава на нозе: Гранде Пандев… и Македонија е на ЕП (видео)

Горан Пандев ja заврши својата кариера во која постигна безброј значајни погодоци за македонскиот национален тим, два пати стрелаше со Шпанија на отворањето на северната трибина на Националната арена, беше стрелец и во легендарниот триумф над Германија, но ниту еден гол не може да се мери со оној што Гранде Пандев го постигна во Тбилиси, во баражот за пласман на ЕВРО 2020.

Елмас тргна во соло акција по левата страна, стигна до работ на шеснаесетникот, а таму по додавањето на Несторовски, Пандев како „стар лисец“ знаеше како рутински да ја смести топката во мрежата на Грузијците.

За еуфорија на цела Македонија, затоа што токму со тој погодок нашата репрезентација за првпат во историјата се пласираше на едно големо фудбалско натпреварување.

Се вчитува...