Ѓорческа ја преслуша првата носителка на фјучерсот во Анталија

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа со победа над првата носителка Турчинката Калја Бујукакчај го почна настапот на ИТФ фјучерсот во Анталија. Ѓорческа со феноменална игра ја преслуша поранешната 60. тенисерка на ВТА листата за само час и петнаесет минути игра со убедливи 2-0, по сетови 6-0 и 6-2.

Во следното коло нашата најдобра тенисерка ќе се сретне со Андреа Лазаро Гарсија од Шпанија која во првото коло беше подобра од Дарија Астахова од Русија. Лина настапува и во игра на двојки каде со Деспина Папмичаил од Грција ќе се сретнат со дублот Маркова/Радишиќ.

Се вчитува...